Microsoft оваа година пушти нова апликација, која првично беше развиена за азискиот пазар, директен конкурент на познатата CCleaner. Ова беше одлична вест, а посебно поради паднатиот углед на оваа едно време најдобра апликација.

Microsoft PC Manager е достапна преку Microsoft Store, а сепак на почеток не можеше да се каже дека е баш целосна алтернатива на CCleaner и сличните апликации.

Најновата верзија од Microsoft PC Manager треба да го промени овој заклучок, па апликацијата може да се каже дека полека станува навистина вредна за користење.

Покрај малите промени во корисничкиот интерфејс, како и воведување на темна тема, главната новина кај PC Manager е кај Files Cleanup функцијата.

Оваа функција сега овозможува „чистење“ на дискот од три категории на датотеки кои можат нeпотребно да го преполнат дискот, а со тоа да го намалат корисничкото искуство на корисниците на Windows 11 и Windows 10.

Files Cleanup сега може да го исчисти дискот од симнатите датотеки кои се имаат насобрано со тек на време, од доста големи датотеки кои не се потребни, како и дупликатите од датотеките кои корисниците може да ги имаат на неколку места на дискот.

Покрај оваа новина, остануваат досега достапните функции на PC Manager кои овозможуваат чистење на дискот од непотребните датотеки од интернет прелистувачите, како и исклучување на непотребните заднински апликации и процеси за подобрување на RAM меморијата, надградба на системот, како и неколку дополнителни алатки.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Windows Latest
Претходна статијаKnox приказни: Задржете контрола над Вашата безбедност – користете ги Вашите податоци онака како што Ви одговара
Следна статијаChromeOS на Android може да биде конкурентот од Google на Samsung DeX
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.