Пред околу година и половина, Microsoft ја претстави својата најнова апликација која ја додава како дел од Microsoft 365 пакетот, Microsoft Lists. Корисниците кои имаат работа со вакви апликации, најлесно ќе ја разберат Lists како конкуренција на познатата и одлична Airtable.

Во основа, Microsoft Lists е апликација за креирање на еден вид на напредни табели со цел организирање на работата, тимовите, па и приватните задачи. Конкретно, со Lists може да се следат задачи, проблеми на работа, настани, средства и се што може да ви текне.

Microsoft Lists досега им беше достапна само на бизнис корисниците преку Microsoft 365 претплата, а од компанијата оваа недела пуштија тест верзија и за останатите корисници, односно бесплатна верзија.

Оваа верзија е до некаде ограничена, односно во бројот на листи, луѓе со кои може да се споделат, големината на датотеките кои може да се додадат и слично.

Preview верзијата е достапна само на првите 200.000 корисници кои ќе се најават на lists.live.com, а останатите ќе мора да почекаат подоцна во годината кога од Microsoft ќе се одлучат да ја прошират достапноста.

Оваа верзија исто така е достапна само преку веб, односно со приватната Microsoft сметка нема да може да се најавите на мобилните Microsoft Lists апликации.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаАнализа: Учениците и студентите преферираат настава во живо или комбиниран модел
Следна статијаNetflix овозможи тргање на содржина од листата на гледање
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.