mr-ulink

Microsoft Research делот од компанијата од време на време претставува по некоја апликација од нивните „експерименти“. Најновата е наречена uLink и е наменета да креира линкови кои водат до одредени делови од мобилните апликации.

Целта на оваа апликација е да корисниците можат да ги добијат предностите на веб страните кои до секоја од нив има посебен линк, па преку разни начини може да се пристапи до нив директно, без потреба од повторно пребарување по самата страна.

Мобилните апликација не функционираат на овој начин, па апликацијата сака да им овозможи на корисниците лесен начин да зачуваат или пребараат нешто што правеле во некоја апликација.

uLink овозможува едноставно зачувување на одреден дел од апликација како линк до истата, по што сите зачувани ги прикажува во листа. Замислата, а и самото име на овој дел се направени да потсетуваат на менаџирање со омилени страни, како што тоа веќе го правиме на веб.

Покрај зачувувањето на линкови до одредени делови од апликациите, uLink овозможува и пребарување на веќе отворените кои не биле зачувани. Пребарувањето се прави како и секое друго, односно преку внесување на клучен збор, па како што даваат пример, доколку имате пребарувано хотели во одреден град, внесувањето на клучниот збор, ги прикажува хотелите кои ги имате отворено да ги разгледате.

Како точно функционира uLink, апликација која моментално е достапна само на Android, најдобро може да се види преку следното видео.

Извор: Microsoft, TNW

Претходна статијаSkype воведе можност за испраќање на фајлови и кога едниот корисник не е онлајн
Следна статијаДостапни бета верзиите од новите iOS 10 и macOS Sierra
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.