Фото: Shutterstock.com

За време на настан во кој корисниците може да бараат грешки во Windows 11, Microsoft по грешка им ја направи достапна алатката која се користи внатре во компанијата за вклучување и исклучување на одредени функции од системот.

Корисниците, поточно тие понапредните, веќе користат вакви алатки, но StagingTool од Microsoft е официјална и истата е полесна и побезбедна за користење.

Microsoft не ретко овозможува одредени нови функции во тест верзиите од Windows 11, кои им ги вклучува само на мал број од корисниците. Ваквите алатки им овозможуваат на корисниците на кои не им се вклучени новите функции, истите да ги вклучат.

Ова е еден од начините преку кој се дознава за новините кои може да се очекуваат во наредните верзии од Windows, што значи се доста важни за фановите кои ги следата редовно овие информации.

ИЗВОРThe Verge
ИЗВОР 2Neowin
Претходна статијаМакедонски Телеком продолжува со успешно работење и во првото полугодие од 2023 година
Следна статијаКорисниците на X Blue сега можат да ја сокријат сината ознака од нивниот профил
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.