Microsoft Teams досега како апликација беше достапна во две верзии, едната за бизнис корисниците и тие од образовните институции, како и уште една за приватните корисници. 

Ова секако може слободно да се каже дека немаше потреба да е така, па сега „грешката“ е исправена. 

Microsoft Teams сега функционира како една унифицирана, односно „обединета“ апликација без разлика за каков вид на корисник се работи, односно без разлика дали се работи за бизнис или приватна сметка. 

Корисниците можат да се најават со повеќе видови на сметки на новата Microsoft Teams апликација и по потреба да ги менуваат сметките, односно тие остануваат најавени и нема потреба од одјавување и повторно најавување. 

Уште покорисно, при приклучувањето на состанок корисниците можат да изберат со која од најавените сметки сакаат да се приклучат, со што се трга потребата од внимавање која сметка моментално е вклучена пред приклучување на состанокот. 

Оваа нова верзија од Microsoft Teams им е достапна на корисниците на Windows, како и на macOS, а за тие кои веќе користат некоја од верзиите, најновата ќе биде автоматски надградена. За останатите, апликацијата е достапна преку оваа страна.

ИЗВОРMicrosoft
Претходна статијаMicrosoft ќе започне со архивирање и наплата на нелиценцираните OneDrive бизнис сметки
Следна статијаПроблематичната Recall функција ќе им стане достапна за тестирање на корисниците во октомври
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.