Фото: Shutterstock.com

Microsoft тестира бесплатни верзии од нивните Microsoft 365 апликации, односно се’ уште повеќе познати како Office апликации. Word, Excel и PowerPoint веќе можат бесплатно да се користат, ако може така да се нарече тоа, само за отворање на документи, но истите не може да се изменуваат. 

Со новината која ја тестираат од компанијата, корисниците ќе можат да ги користат апликации и за измена на датотеки, а оваа можност очекувано би била ограничена, односно апликациите би ги имале сличните можности како „онлајн“ верзиите достапни преку „office.com“. 

Покрај ограничените можности, апликациите би можеле да се користат само со OneDrive, односно корисниците нема да можат да прават измена на локални датотеки, па истите ќе мора да ги чуваат на серверите од Microsoft. 

Најлошата работа ја оставив за крај, а тоа е дека овие бесплатни верзии би имале реклами, очекувано. На десната страна од апликациите цело време ќе стои банер, а од време на време ќе се прикажува и видео реклама. 

Оваа новина ја откриваат од Beebom, кои на крајот истакнуваат дека во изјава од Microsoft за PCWorld се истакнува дека оваа новина се тестира, но засега нема планови да им биде официјално пуштена на сите корисници. 

Корисниците кои не сакаат да плаќаат за Office, можат да ги користат веб верзиите, како и некои од бесплатните алтернативи како LibreOffice. 

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2Beebom
Претходна статијаНајновиот број на „Лице в лице“: Колку млади ќе останат во земјата до следниот попис?
Следна статијаЗначителен напредок во дигиталната трансформација на водоснабдителните услуги
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.