Во Canary верзијата од Edge прелистувачот, Microsoft тестира нова можност која е наменета за „гејмерите“, иако тие не се единствените кои може да имаат корист од истата.

Се работи за нова опција која е додадена во System and performance делот во прилагодувањата која овозможува корисниците да ограничат колку RAM ќе може да користи Edge.

Ограничувањето ќе биде од 1GB, па се до меморијата која е достапна на компјутерот.

Две можности ќе им бидат достапни на корисниците кои ќе изберат да ја користат оваа нова функција, а тоа е дали ограничувањето ќе биде достапно секогаш или само кога тие играат некоја игра на компјутерот.

Јасно е зошто Microsoft пред се мисли на „гејмерите“ со оваа нова можност. При играњето на игри корисниците секако би сакале да ги имаат сите достапни ресурси од компјутерот, па на овој начин нема да мора да го исклучат својот прелистувач на кого сигурно имаат многу отворени „табови“.

Не е познато кога може да се очекува оваа новина за сите корисниците, а сепак во Canary верзијата од Edge се тестираат и функции кои не мора да значи дека сигурно ќе ги видиме во стабилната верзија од прелистувачот.

Функцијата исто така може да добие и одредени измени додека биде пуштена за сите.

ИЗВОРTom's Hardware
Претходна статијаDisney+ започнува со забрана за споделување на лозинките од јуни
Следна статијаВо недела ќе се одржи 12. издание на „Авицена Женска Трка“
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.