Во рамките на Ignite 2023 настанот од Microsoft, од компанијата претставија нова апликација наречена Windows App. Оваа нова апликација ќе биде достапна на Windows, macOS, iOS, iPadOS, како и преку веб, а е замислена како едно централно место за сите сервиси и уреди на корисниците кои се во „облакот“.

Преку оваа апликација корисниците ќе можат да ги видат сите нивни уреди и сервиси од Windows 365, сервисот пуштен пред две години кој овозможува пристап до Windows 11 преку интернет, но и такви како Azure Virtual Desktop, Microsoft Dev Box, Remote Desktop Services и слично.

Во основа, корисниците не добиваат нов сервис, туку едно централно место од каде ќе можат да ги менаџираат, како и да пристапат до нивните компјутери во облакот и другите сервиси во облакот.

Иако засега не се споменува достапност на апликацијата на Android, сепак се верува дека поддршката ќе дојде во некој период во иднина.

Windows App има поддршка за повеќе монитори, различни резолуции, динамични резолуции, уреди како веб камери, печатари и слично.

Апликацијата засега е во тест фаза и им е достапна само на бизнис корисниците. Сепак, од екранот за најава може да се види дека од компанијата изгледа планираат дел од овие сервиси преку апликацијата им станат достапни и на приватните корисници.

Ова би било посебно корисно за Windows 365 сервисот со кој во иднина корисниците веќе нема да мора да мислат до толку на перформансите на нивниот уред, па ќе можат да имаат компјутер во облакот според нивните потреби, а ова е корисно и за корисниците кои имаат потреба од Windows, но користат Mac или слично.

ИЗВОРWindows Central
ИЗВОР 2The Verge
Претходна статијаMicrosoft го ребрендира Bing Chat во Copilot и го направи достапен на посебна страна
Следна статијаApple ќе додаде поддршка за RCS протоколот во нивната Messages апликација идната година
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.