Фото: Shutterstock.com

Microsoft Word, во денешно време апликација која нема кој не ја познава, а ретко и кој не ја користи, оваа година ја слави својата 40 годишнина. Апликацијата беше претставена во 1983 година, во време кога Microsoft се’ уште го немаше најпопуларниот оперативен систем за компјутерите.

Во денешно време Word е дел од Microsoft 365 пакетот кој сега најчесто се користи како преку претплата, а иако основата може да се каже дека е иста, апликацијата сепак изгледа доста различно.

Од компанијата историјата на Word ја сумираат кратко и јасно преку сликата во продолжение, а исто така тие истакнуваат и кој е иднината на оваа апликација.

Се што се најавува за во иднина може да се каже дека веќе е дел од апликацијата или наскоро ќе биде. Очекувано на првото место се истакнува вештачката интелигенција која ќе стане клучен дел од Word и веќе го менува начинот на кој корисниците пишуваат текст.

Дополнително, Microsoft ја истакнува работата на веб верзијата од Word, а тука е и можноста за соработка на документите со други корисници и отвореноста на платформата кон програмерите.

За крај, Microsoft истакнува дека Word не е само одлична апликација за пишување текст, па оваа апликација може да се користи и за читање на било кој уред од корисникот.

ИЗВОРTechSpot
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаGalaxy Z Flip5 доби ограничена „ретро“ верзија во чест на стариот и популарен Samsung SGH-E700 „флип“ телефон
Следна статијаM3 серијата на чипови од Apple ја донесува 3nm архитектура кај Mac компјутерите и нова генерација на графичкиот процесор
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.