Microsoft Word и новата Editor функција, ќе почнат да ги означуваат речениците кои имаат дупло простор помеѓу нив. Со тоа од компанијата покажуваат дека сметаат дека после секоја реченица нормално е да се остави само еден карактер простор, а не два.
До објавата на оваа вест не ни знаевме дека постои дебата, барем во САД, за тоа колку простор треба да се остави после секоја реченица. Од The Verge истакнуваат интересна причина за тоа како има настанато оваа дебата.
Порано кога се користеле машини за пишување, после секоја реченица се оставал дупло простор поради тоа што просторот помеѓу карактерите бил поголем, а истиот не зависел од ширината на буквите. Поради тоа, сите букви биле повеќе оддалечени едни од други, па морало да се остави дупло простор за да може да се одвојат речениците поочигледно.
Во денешно време кога се пишува на компјутери кога буквите се блиску една до друга и секоја зазема онолку простор колку што е потребно за истата, оставањето на дупло простор после секоја реченица е непотребно.