MK Transport е македонска апликација која ги содржи сите потребни информации за тие што патуваат низ нашата држава. Во неа се достапни сите автобуски и железнички станици заедно со нивните контакт информации.
Покрај основните информации, апликацијата нуди целосно планирање на патувањето кое што ги вклучува распоредите на автобусите и возовите, а овие информации се редовно ажурирани. MK Transport дури вклучува и дел за новости преку кој што ќе можете да бидете во тек со сите потребни новини поврзани со автобускиот и железничкиот сообраќај.
Главните карактеристики на апликацијата ги вклучува следните:
- Чист и едноставен кориснички интерфејс
- Планер за патувања: споредба на можни рути и време на пристигнување и поаѓање
- Зачувување на рутите и попатните станици
- Означување на омилените рути
- Новости за јавниот превоз
- Пристап до пребараните информации без потреба од интернет конекција
MK Transport првпат беше претставена на Windows Phone каде што стана една од најпопуларните македонски апликации. По успехот на оваа платформа, а како што и беше најавено, апликацијата сега е достапна и за корисниците на Android.
Со ова многу поголем број на корисници сега ќе можат да ја користат апликацијата и да си го олеснат своето патување низ Македонија.
Апликацијата е достапна во Play Store, а можете да ја симнете и преку следниот линк.