monas-f

Бидејќи секогаш треба да се има увид кога станува збор за финансиите, а знаеме дека тоа не е воопшто лесно да се реализира, постои едно брзо решение, а тоа е само една едноставна мобилна апликација која секако ќе го олесни менаџментот на финансиите.

Станува збор за одличниот и свеж Monas Expense Manager кој можеби е најдобриот менаџер од ваков тип што може да се најде на Google Play Store.

Monas Expense Manager овозможува апсолутно целосна контрола и следење на финансиите. Со него ќе имате целосен извештај за приходите и расходите. За секој приход или расход Monas ќе ви прикаже целосна статистика и историја за тоа кога и колку пари сте добиле и потрошиле во одреден месец. Сите овие податоци можат да бидат категорично подредени за полесно наоѓање.

monas-screens

Интересно е тоа што самата апликација си прави автоматска резервна копија на податоците, а постои можност по ваша желба да бидат мануелно експортирани во CSV фајл . Исто така податоците можат да бидат синхронизирани со помош на Google акаунт кој е ограничен до само 1 уред.

Во кратки црти, во поглед на карактеристиките Monas е прилично богат со можности, а клучните се следниве:

  • Брз, едноставен и обоен интерфејс
  • Синхронизирање на податоци во реално време
  • Дневен автоматски backup
  • Целосно бесплатен (без реклами)
  • Интуитивна статистика
  • Неограничени можности
  • Безбедност (заклучување на самата апликација)

Доколку работите во агенција за финансии или пак сакате да имате увид за вашите персонални финансии, Monas Expense Manager-от е перфектната апликација за вас.

Monas Expense Manager е целосно бесплатен и достапен само за Android.

Претходна статијаMicrosoft дизајнира светилка која автоматски ќе го полни вашиот смартфон!
Следна статија„Пржењето“ на графенот доведува до подобрување на неговите електро спроведувачки карактеристики