По промената на главната директорска позиција во Mozilla Corporation, од компанијата ќе направат и промена на бизнис целите, нешто што би требало да им се допадне на „фановите“ на Firefox прелистувачот.

Како што дознаваат од TechCrunch, Mozilla планираат повторно да го вратат главното внимание кон нивниот прв и главен производ, а тоа е интернет прелистувачот Firefox.

Поради ова, дел од останатите производи и сервиси ќе добијат намалување на ресурсите, а заедно со тоа се планира и отпуштање на одредена бројка на вработени, како што е „трендот“ во повеќето компании изминатите неколку години.

Конкретно, се планира отпуштање на 60 вработени, а со тоа помало внимание и развој ќе може да се очекува за сервисите како Mozilla VPN, Relay, а тука влегува и одржувањето на „mozilla.social“ серверот на Mastodon. Дел од овие промени е и Mozilla Monitor Plus сервисот кој беше неодамна претставен, но со оглед на тоа што истиот е направен на основа на друг сервис кој не е од Mozilla, корисниците сепак ќе имаат алтернатива.

Според информациите, повторното насочување на вниманието кон Firefox ќе значи воведување на нови функции, а како главна се смета вештачката интелигенција. Ова е нешто што е очекувано, а е веќе стандардно од повеќето други компании, иако не сите прават директна интеграција во самиот прелистувач.

Ќе видиме оваа година каков ќе биде резултатот од овие нови планови на Mozilla, па дали Firefox ќе успее да врати барем дел од изгубениот пазар изминатите години.

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2TechCrunch
Претходна статијаКаратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака
Следна статијаКако апаратите за домаќинство на Samsung го скратуваат времето за извршување на домашните обврски?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.