WP8-mainV2

Viber денеска доби нова верзија за корисниците на Windows Phone 8, со која што се приближи до останатите платформи според функциите што се достапни. Со оваа верзија може да се каже дека и корисниците на Windows Phone добиваат исто искуство како и корисниците на познатите Android и iOS. Верзија е со број 4.0.0 и ги донесува следните нови функции:

  • Можност за симнување на беспатни и платени стикери од Sticker Market
  • Информација за тоа дали вашата порака е видена од примачот, како и нивниот online статус
  • Користење на стандардниот Viber звук за примени пораки како и на другите платформи
  • Можност за исклучување на содржината на пораката во нотификациите
  • Подобрено продолжување и подигање на апликацијата, како и доставување на нотификациите

Иако со претходната надградба Viber доби доста од функциите достапни на другите платформи, како што се стикерите и можноста за избирање на позадината во апликацијата, сепак оваа надградба е прва која што најмногу ја доближува апликацијата до Android и iOS верзиите, нешто што корисниците на Windows Phone се надеваат дека нема да треба во иднина да чекаат истото да биде така.

Viber 4.0 можете да ја симнете во продавницата за апликации, на Viber.com како и преку следниот линк.

viber-v4-qr

Претходна статијаContacts +, именик полн со функции за вашиот мобилен
Следна статијаMicrosoft се приклучува на Open Compute Project
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.