Веќе одреден период корисниците на Windows Phone платформата ја имаат оваа нова верзија од Facebook со која што веќе не заостануваат позади корисниците на Android и iOS, барем не многу како порано. Апликацијата е направена од страна на Microsoft кои што се погрижуваат истата редовно да биде надградувана со повеќе функции кои што се повеќе ја приближуваат до другите платформи. Исто така достапна е и бета верзија преку која што нешто порано можете да ги видите и пробате новите функции кои што ќе бидат достапни и во главната верзија.
Најновата верзија со број 5.2.1.0 донесува неколку важни и доста корисни функции, веќе познати на корисниците на бета верзија од пред еден месец. Дел од новите функции е и долго очекуваната, која донесува нотификации за примените пораки преку toast нотификациите и life tile, односно плочката на Start екранот. Покрај оваа промена, новата верзија од апликацијата ги има и следните новости:
- Побрзи и посигурни нотификации
- Toast нотификации за Facebook chat
- Редизајнирана главната плочка (tile)
- Редизајнирани секундарните плочки за пораки, настани, групи, страни и фото албуми
- Подобрување на системот за пораки
- Подобрување на перформансите
- Поддршка за додатни јазици
Оваа верзија исто така донесува и нова можност за програмерите на апликации. Поточно апликациите кои нудат можност за најавување на истата преку Facebook, сега со користење на новото Facebook login URI ќе може да воведат автоматско поврзување преку Facebook апликацијата. Ова значи дека доколку корисникот ја користи Facebook апликацијата и е најавен преку истата, другата апликацијата која што користи најавување преку Facebook, ќе ги искористи ингеренциите од Facebook апликацијата и автоматски ќе го најави корисникот. До сега истото се правеше преку отворање на посебен прозорец преку кој што корисникот требаше да се најави на својата Facebook сметка.
Facebook апликацијата можете да ја симнете преку продавницата за апликации или преку следниот линк.