Најди Такси е апликација која започна скромно во 2012-тата година како агрегатор на телефонски броеви на такси компании во Македонија. Од тогаш до денес, Најди Такси стана една од најкористените и една од најкорисните мобилни апликации во државата поради тоа што најновата верзија има многу нови услуги.

1-1

Апликацијата има едноставен интерфејс со четири подменија: Дома, Автобус, Такси и Рент. Дома е мени каде можете да ја изберете вашата локација на мапа на државата. Откако тоа ќе го сторите, другите три менија ви служат за во било кој момент да добиете информација за најблиските автобуси, такси или сервиси за изнајмување на автомобил.

Pic Final

Најди Такси активно ја следи вашата позиција преку веќе познатиот GPS систем кој функционира одлично со патиштата во Македонија. Поради тоа, апликацијата е спремна да ве упати кон најбрзиот начин на превоз само со избирање на вашата посакувана дестинација.

Интересно е тоа што апликацијата има опции за јавување, „титнување“, и праќање на пораки, така да вие воопшто не морате да трошите време. Сите овие опции се сведени на клик на само едно копче. Без разлика дали ви треба превоз од центарот на градот, или од некое рурално патче километри далеку од најблиската автобуска станица, Најди Такси може да ви среди работа.

Исто така креаторите на апликацијата имаат направено и портал на кој што покрај информациите од апликацијата можете да прочитате нешто повеќе за сообраќајот и информации поврзани со него.

Најди Такси апликацијата е достапна на iOS и Android, а истата можете да ја симнете преку следните линкови во App Store и Play Store.

[related_posts_by_tax title=”Можеби ќе ви се допаднат и следните статии”]

Претходна статијаПретворете го вашиот мобилен во термометар со Thermodo
Следна статијаСуперсоничен авион со кабина без прозори