av-test.org

Познатиот институт кој се смета за независен и меродавен кога се во прашање тестовите на антивирусните апликации, ги објави резултатите од најновите тестирања за домашни корисници на Windows 10. Листата е слична како и секогаш, но овој пат има мали промени кои претставуваат и мало изненадување.

Како апликации кои имаат највисока оценка за заштита остануваат тие како Bitdefender, F-Secure, Norton, Trend Micro, но највисоката оценка веќе ја немаат, односно се намалени на 5,5 од 6 Avira, Kaspersky, Eset.

Microsoft Defender кој долго време имаше најниски оценки, веќе неколку пати е на врвот, но повторно наместо 6, Defender ја добива оценката 5,5.

Целосната листа со деталните резултати е достапна на овој линк.

Претходна статијаWindows 10 ќе ги известува корисниците чии уреди не се уште компатибилни со новата May 2020 надградба
Следна статијаSamsung го претставува Odyssey G7 гејминг мониторот со најзакривениот екран досега и со најдобри перформанси во класата
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.