Најновата верзија од PowerToys, апликацијата од Microsoft со отворен код која на Windows му додава доста корисни алатки кои не се дел од системот, стигна до верзијата 0.68.0. Од компанијата се’ уште не сметаат дека апликацијата е спремна за финална верзија, иако со најновата надградба бројот на алатки е стигнат до 16.

Едната од двете нови алатки повторно донесува функција која е одамна достапна на macOS. Може слободно да се каже дека PowerToys е апликација за понапредните корисници кои со оваа апликација добиваат причина зошто да останат на Windows.

Новата алатка е наречена Paste as Plain Text и овозможува да копираниот текст се прикачи без додатните форматирања кои може да ги има. Пример, текстот кој се копира е задебелен и поголем, а на корисникот му е потребен само текстот, но не и тоа форматирање.

Тргањето на форматирањето се прави со новата кратенка „Windows копче + Ctrl + V“. Со ова можноста за копирање на текст без неговото форматирање станува можно во било која апликација на целиот систем, а досега тоа зависеше од апликацијата во која се прикачува текстот.

По тргањето на форматирањето, текстот останува таков во „clipboard“, што значи форматирањето е тргнато и не може да се врати.

Втората алатка е замислена за поголемите екрани, како и за корисниците кои работат со повеќе екрани. Со притискање на кратенка на тастатурата, се добива мал поглед на целиот екран на кого корисникот може да притисне и курсорот да биде поставен на тој дел или на друг екран.

Поновите верзии од PowerToys овозможуваат автоматска надградба, а посебно ако апликацијата е инсталирана преку Microsoft Store. Доколку не ја користите може да ја симнете преку продавницата или преку GitHub на овој линк.

Претходна статијаOnePlus го најави нивниот уред на преклоп за подоцна во годината
Следна статијаNothing Phone (2) ќе биде претставен оваа година и ќе работи на Snapdragon 8 чип
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.