nokia-z-launcher-f

Делот од Nokia кој што не беше дел од продажбата на Microsoft продолжува со работа во областа на софтверските решенија. Поточно овој дел од компанијата стои зад развојот на познатите Here мапи кои што се користат на Windows Phone уредите. Сега кога овие луѓе не се дел од поголемата компанија, како што и имаат изјавено, можат да почнат да претставуваат решенија кои што тие сметаат дека треба, без да бидат ограничувани од политиката на компанијата која тогаш реши да работи ексклузивно со Microsoft. Остана дилемата дали Nokia кога се виде дека нема да направат ништо со својот Symbian оперативен систем, требаше да започнат со претставување на Android телефони. Популарноста на брендот кој што и денес предизвикува почит кај корисниците, во тоа време се веруваше дека со Android ќе се вратеше на својата висока позиција, која што денес ја има Samsung.

Nokia го претстави својот прв производ по издвојувањето од остатокот од компанијата. Се работи за апликација која што го заменува стандардниот Home екран на Android уредот, односно Launcher. Наречена едноставно Z Launcher, апликацијата има за цел да го поедностави работењето со мобилните телефони кои што во денешно време имаат огромен број на апликации. За да го постигне тоа користи едноставен кориснички интерфејс кој што на горната страна го покажува часот и датата, како и наредниот состанок на календарот. Остатокот од екранот е пополнет со 6 апликации  или контакти кои што се менуваат зависно од времето во денот.

Поради тоа што вакви апликации веќе постојат, може да се каже дека сега за сега Z Launcher не се разликува нешто многу од нив, а и не нуди нешто повеќе функции. Една функција која што е карактеристична сепак за оваа апликација и е направена во контекст на скратување на времето потребно за стартување на некоја апликација или наоѓање на контакт е можноста за цртање на буквите на екранот. Ова значи дека можете со вашиот прст на било која локација на екранот да ја напишете првата буква од апликацијата или контактот што го барате со што ќе ви биде прикажана листа со можни резултати. Ова исто така може да се користи и за пребарување на интернет. Системот со тек на време треба да ги учи вашите навики и прикажаните апликации, како и прикажаните резултати да бидат се повеќе точни.

Z Launcher моментално е во пред бета тест верзија и може да се симне само преку официјалната страна на следниот линк.

Извор: The Verge

Претходна статијаНајди место – нова Македонска Android апликација
Следна статијаHarley-Davidson го претстави својот прв електричен мотоцикл
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.