Blink е апликација развиена од страна на Microsoft Research, дел од компанијата задолжен за истражување во голем број на области, вклучувајќи и софтвер. Истата овозможува сликање на повеќе слики во краток период, почнувајќи да слика уште пред да го притиснете копчето и продолжува со уште неколку кадри кога ќе притиснете за сликање. Ова овозможува потоа да го изберете најдобриот кадар од сликата, со што ја трга потребата од повторно сликање поради лошо испадната слика. Меѓутоа можеби најинтересната функција на оваа апликација е можноста за креирање на кратка анимација од кадрите и зачувување во gif формат и нејзино споделување. Blink е достапна на Windows Phone 8 платформата и достапна е нова верзија која што вклучува нов дизајн, како и неколку нови функции.
Новата верзија доаѓа со ново лого, како и поедноставен дизајн насочен кон олеснување на сликањето на сликите и потоа работата со нив. Сликањето на сликите сега е организирано во два режима за поедноставно снаоѓање на корисници зависно од тоа што сакаат да го направат. Двата режима се Blink и Still (статичен) режим кој што овозможуваат прилагодување на анимацијата и избор на најдобриот кадар за зачувување на статична слика. Исто така кога првпат ќе ја стартувате апликацијата додаден е нов туторијал кој што на кратко го објаснува работењето со апликацијата доколку сметате дека нема да може лесно да се снајдете или едноставно сакате да видите што се може да се направи со неа. Оваа верзија вклучува и можност за притискање на одреден дел од екранот пред да почнете со сликање, по што тој дел ќе остане во фокусот и покрај движењето на камерата.
Целосната листа на новости во новата верзија ги вклучува следните работи:
- Нов изглед кој што вклучува ново бредирање и освежен кориснички интерфејс низ апликацијата
- Нов туторијал кој што треба да им помогне на корисниците да започнат да ја користат апликацијата преку објаснување на нејзините функции и начинот на користење
- Двоен режим на користење, Blink режим кој што овозможува прилагодување и споделување на анимациите и Still режим за зачувување и споделување на перфектниот кадар
- Заклучување на фокусот (Focus lock) кој што овозможува заклучување на фокусот на еден дел од екранот преку притискање на истиот, по што апликацијата автоматски врши ре-фокусирање на тој дел при движењето на камерата
- Подобро стабилизирање на сликата преку подобрување на алгоритамот
- Нова можност за брзо разгледување на галерија со сликаните слики од апликацијата
- Поддршка за плочките во живо (live tile) кои што сега ќе ги прикажуваат вашите слики на home екранот
Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете или ажурирате преку следниот линк.
Извор: Windows Phone Blog