facebook-messegner-ios

Facebook издаде нова верзија од својата Messenger апликација за iOS уредите, која го носи бројот на верзија 4.0. Истата покрај стандардните подобрувања на брзината и стабилноста во работата, донесува и две нови функции.

Сега корисниците кои често комуницираат со одредена група на луѓе ќе можат истите да ги групираат во посебна група. Вакви групи корисниците може да креираат колку сакаат, а на истите може да им доделат слика како и посебно име. Групите може да претставуваат полесен и побрз начин за испраќање на групни пораки, како и полесен начин за наоѓање на контактите со кои често комуницирате. До нив може да се пристапи праку посебниот дел во кои што се прикажани сите групи.

Другата нова можност која ја добива Facebook Messenger е препраќањето на пораките (forward). Ова е можност одамна достапна и карактеристична за email пораките, но достапна е и во некои од конкурентните апликации за испраќање пораки. Со други зборови, сега ја имате можноста да испратите некоја порака или слика на контактот кој што не е дел од разговорот, па нема потреба од копирање или повторно избирање на сликата и започнување на нов разговор со тој корисник.

Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и истата можете да ја симнете или ажурирате преку следниот линк. Работи со уреди кои имаат инсталирано iOS 6-та верзија или понова.

fb-messenger-iphone-qr

Претходна статијаMicrosoft го претстави пакетот на апликации Office for iPad
Следна статијаЛетечки ветерни турбини за производство на електрична енергија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.