google_play_logo

Google издаде нова верзија од својата продавница за апликации на Android, Play Store. Истата постепено ќе биде ажурирана на уредите, а исто така можете да ја симнете и инсталирате на линкот на крајот доколку не сакате да чекате.

Новата верзија го носи бројот 4.5.10 и не претставува голема надградба, но сепак донесува неколку нови или променети карактеристики. Најкорисна нова карактеристика е можноста да видите дека апликацијата што сакате да ја симнете има работи што се купуваат преку неа, односно In App Purchase, пред да ја симнете истата. Ова е доста корисно затоа што во последно време има доста апликации, а посебно игри, кои што се бесплатни, меѓутоа потоа откривате дека за повеќето можности што ги нуди истата, треба да платите за да бидат отклучени. Информацијата за IAP е поставена на видно место, а истата не ви покажува што е тоа што можете да го купите преку апликацијата, туку само постоењето на таа можност.

playstore-inapp-purchase

Друга новост е можноста да ја избришете вашата оценка за некоја апликацијата, доколку ја имате оценето, како и позицијата и големината на Edit копчето за промена на оценката е поочигледна и поголема. Исто така ѕвездичките за оценка доколку ја немате оценето апликацијата се поголеми и очигледни. Промени има и во начинот на прикажување на сликите на корисниците, па наместо во коцка сега тие се прикажани во круг. Сликите ги гледате на коментарите на корисниците оставени за апликациите, како и вашата слика на оценката за апликациите.

playstore-rating

Сите коментари и оценки што ги оставате за апликациите сега се организирани во Activity Feed, односно листа на активности, која е поврзана со вашиот Google+ профил. Истите ќе можете и да ги споделувате со другите.

playstore-activity-feed

Новата верзија од Play Store можете да ја симнете на следниот линк, доколку не сакате да чекате официјално да биде пуштена на сите уреди во светот.

play-qr

Претходна статијаУникатниот YotaPhone наскоро достапен во неколку европски земји
Следна статијаBrightest Flashlight за Android тајно продава податоци за вашата локација
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.