google-ios-screens

Корисниците на некој од iOS уредите веќе подолго време имаат можност да ја користат Google апликацијата која што е наменета да овозможи брзо и едноставно пребарување преку овој пребарувач. Преку оваа апликација корисниците можат да ги користат голем дел од Google Now функциите, што е еден вид на персонален асистент како Siri.

Оваа недела Google пушти нова верзија од оваа апликација, односно 5-та верзија која што е достапна во продавницата за апликации. Она што е интересно кај оваа верзија е што Google се обидува што може повеќе да го пренесе Android корисничкото искуство на корисниците на iOS преку оваа апликација.

Поточно, искуството кое што треба да биде слично е со Android Lollipop, најновата верзија од овој оперативен систем. Апликацијата сега е направена според правилата на Material дизајнот кој што се користи во овој оперативен систем. Вклучува исто така поголеми слики, како и интересно направените анимации.

google-ios-2

Google на iOS сега вклучува кориснички интерфејс на кој што се прикажани последните страни кои што ги имаат пребарувано на начин како што на Android се прикажуваат последните користени апликации. Исто така, на долниот дел од екранот се поставени копчиња за back, пребарување и последни пребарувања. Со тоа апликацијата навистина наликува на корисничкиот интерфејс на Android.

Извор: Google

Претходна статијаMicrosoft ќе дозволи плаќање на апликации, музика и слично со користење на Bitcoin
Следна статијаШпанија замавна, Гугл (соодветно) одговори
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.