mainV3

Иако Viber за Windows Phone е одлична апликација, сепак таа се’ уште не ги вклучува сите функции кои што им се достапни на корисниците на другите платформи. Со надградбата на апликацијата која што е достапна од вчера, корисниците добиваат уште неколку подобрувања што го приближува корисничкото искуство повеќе до тоа на другите платформи.

Viber 4.2.1 верзија која што е достапна за корисниците, ја воведува можноста за испраќање на кратки гласовни пораки преку држење на микрофон копчето. Се што треба да направите е да притиснете на микрофонот додека сте во делот за пораки кај некој од контактите, со што ќе се појави ново поголемо копче со чие што држење започнува снимање на тоа што го кажувате, по што веднаш се испраќа. Ова е функција која што е повеќе од 8 месеци достапна за корисниците на Android и iOS, па сигурно корисниците на Windows Phone ќе бидат задоволни.

viber-wp-4-2

Другите промени кои што доаѓаат со оваа верзија вклучуваат:

  • Ново мени за испраќање на стикери
  • Подобрувања на дизајнот на апликацијата, вклучувајќи и нов екран кога правите повици. Верзијата исто така вклучува и нови позадини
  • Побрзо вклучување на разговорите и додатни подобрувања на перформансите

Новата верзија е достапна во продавницата за апликации и можете да ја симнете преку следниот линк.

viber-wp-qr

Претходна статијаНадградена Facebook за Windows Phone со нов дизајн и функции
Следна статијаКако Google ги скенира пораките во Gmail за откривање на детска порнографија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.