Иако Apple претпочита да ги насочува корисниците кон нивниот екосистем, односно да тие имаат производи од нив, сепак достапноста на повеќе платформи во денешно време е нешто што не може да не се има.
iCloud просторот за датотеки и синхронизирање на неколку работи од iOS и macOS е важно да може да се пристапи и од други платформи, па веќе одреден период е достапна апликација од овој сервис на Windows.
Со оглед на тоа што никогаш не ми требало да го користам iCloud од Windows, не би можел да кажам за тоа каква е старата апликација, па ќе им верувам на тие кои тврдат дека не функционирала добро, била бавна, а и не нудела доволно модерни можности.
Новата iCloud for Windows е направена во соработка со Microsoft користејќи ја технологијата за синхронизирање на датотеките по барање од OneDrive. Тоа значи дека iCloud, покрај тоа што ќе биде прикажан во File Explorer, ќе може да штеди простор на компјутерот синхронизирајќи ги само тие датотеки кои корисникот ќе ги избере.

Со ова корисниците ќе можат лесно да ги отвораат своите датотеки од iCloud, како и да ги споделуваат каде и да им треба.
Преку iCloud исто така може да се прави синхронизација на календарот, имејл пораки и задачи, слики и Bookmarks од Safari.
iCloud for Windows е достапна во Microsoft Store, а можете да ја симнете преку овој линк.