Секојдневно девелоперите работат на создавање нови апликации кои ќе ги подобрат паметните уреди и ќе го олеснат нивното користење.
Уште од 1998 година Apple е организатор на Apple Design Awards, манифестација на која ги наградуваат најдобрите независни девелопери на софтвер и хардвер, како и најкреативните примени на нивните уреди.
App Store брои повеќе од 3 милиони апликации. Сигурно, не е лесно да се издвојат и изберат најдобрите.
Тимот кој ја прави селекцијата се раководи според повеќе критериуми, меѓу кои се: популарноста, дизајнот, како апликацијата го користи нивниот хардвер, дали апликацијата е излезена годинава или направиле некоја голема надградба со нови функции…
Најдобра апликација за iPhone годинава е Spectre Camera – која со помош на вештачка интелигенција успева да прави фотографии со долга експозиција. Нешто што досега не беше едноставно да се постигне со мобилен телефон.

Flow by Moleskine е најдобрата апликација за iPad, наменета, главно, за креативци. Со спојување на нивната технологија за цртање заедно со пенкалото на Apple, апликацијата нуди можности за цртање на основни цртежи, но и на комплексни уметнички дела.

Постојат две категории добитници – апликација и игра, а потоа следи поделба според уредите: iPhone, iPad, Mac и Apple TV.
Да се добие оваа награда е голема чест за девелоперите. Не секогаш таа значи долгорочен успех, но сепак, е огромен чекор напред како за малите така и за големите компании кои ја имаат освоено оваа награда.
Целата листа на апликации можете да ја видите на официјалната страна на Apple на овој линк.