Office Remote е апликација моментално достапна само на Windows Phone 8, преку која се поврзувате со Office пакетот инсталиран на вашиот компјутер и контролирате одредени функции при вршење на презентација. Покрај контролата на PowerPoint презентација, програма која најчесто би ја користеле при презентации, со оваа апликација можете да ги контролирате и Word и Excel програмите.
За користење на Office Remote, покрај инсталирање на апликацијата на вашиот Windows Phone 8 телефон, потребно е да инсталирате и посебен додаток и на Office пакетот на вашиот компјутер. После инсталирање на двете апликации се што треба е да отворите одредени документи на вашиот компјутер, да ја стартувате апликацијата на мобилниот и да го следите едноставното упатство за поврзување на двата уреди. После тоа избирате од листата на активни документи прикажани на вашиот телефон и можете да почнете со презентирање.
Апликацијата нуди доста корисни можности и функции кои ќе ви помогнат при презентирањето. На вашиот телефон може да ги гледате белешките што ги имате запишано за презентацијата, часовник кој покажува колку време презентирате, како и можност за ласерски покажувач на допир. Ласерскиот покажувач работи на тој начин што прикажува црвена точка на делот од документот каде што притискате со прстот на вашиот телефон, на кој што е прикажан документот.
Во продолжение прочитајте ја целосната листа на функции на Office Remote:
PowerPoint
- Навигација следен слајд/претходен слајд
- Преглед на сликички од слајдовите и можност за избор на слајд
- Можност за гледање на белешки за презентацијата
- Време поминато во презентирање и прикажување до кој слајд имате стигнато
- Ласерски покажувач преку притискање на вашиот телефон
Excel
- Навигација на редови и колони
- Промена на листови (sheets) со повлекување на прстот
- Користење на Slicers, PivotTables и Filters
- Доаѓање до било кој именуван објект во документот
- Промена на нивото на зумирање
Word
- Дојдете до насловот на документот
- Дојдете до коментарите во документот
- Поместување на екранот нагоре/надолу
- Поместување нагоре/надолу по редови
- Промена на нивото на зумирање
Office Remote апликацијата можете да ја инсталирате преку продавницата за апликации или преку следниот линк.
Предуслови за користење на Office Remote:
- Microsoft Office 2013 (не работи со постара верзија или со RT верзија)
- Bluetooth на вашиот компјутер (не работи на компјутери без Bluetooth)
- Desktop Add-In за Office инсталиран на вашиот компјутер (симнете го тука)