Microsoft ја најави достапноста на официјална Facebook апликација на претставувањето на Windows 8.1, меѓутоа тогаш не даде дополнителни информации за кога тоа ќе се случи. Денес, еден ден пред излегувањето на финалната верзија на Windows 8.1, Facebook ја претстави својата најавена и долго очекувана апликација. Сите што веќе ја користат финалната верзија на Windows 8.1 RTM можат да ја симнат и пробаат.

Апликацијата ги има сите функционалности достапни во другите Facebook апликации на другите платформи. Лево се наоѓа стандардната лента преку која можете да пристапите до најновите постови, пораките, настани и слично. На десната страна се наоѓа чет лентата, со листа на вашите вклучени пријатели. Во горниот десен дел се наоѓаат трите копчиња за барања за пријателство, пораки и нотификации. Апликацијата ќе користи некои од уникатните функции на оперативниот систем, па истата ќе биде интегрирана со Share Charm, па ќе може да ги споделувате сликите од Facebook на email, на пример. Исто така, сите нови случувања на апликацијата ќе бидат прикажани на Home екранот преку Life Tile-от на апликацијата.

facebook-win-8-1

Претходна статијаFacebook им дозволи на тинејџерите да постираат јавно
Следна статијаНадградбата на Windows 8.1 спремна за симнување
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.