facebook-beta-win10

Facebook веќе одамна најави дека целосно ќе ја поддржува Windows 10 платформата, а тоа значи дека сите нивни апликации ќе бидат достапни за овие корисници. Најважно од се е дека Facebook ќе ги развива и мобилните апликации, нешто што не беше баш сигурно со оглед на малиот пазарен удел на платформата, за разлика од десктоп верзијата.

Моментално корисниците на Windows мобилните уреди имаат Facebook апликација, меѓутоа истата е развивана од Microsoft, а истата има и посебна бета верзија која има нешто повеќе функции од финалната.

Новата Facebook апликација е конечно развиена од Facebook и истата моментално ја носи ознаката бета исто така. Се разликува од таа на Microsoft, покрај во сликите кои ја прикажуваат и по бета ознаката која е во загради.

fb-beta-w10-screens

Апликацијата во основа е портирана верзија од iOS, користејќи ги алатките на Facebook, односно не тие на Microsoft. Ова значи дека апликацијата е скоро иста на изглед и со функции со оваа верзија, а би требало да значи дека надградбите ќе бидат редовни, со оглед дека не се работи за целосно посебен код за платформата.

Апликацијата е достапна во продавницата за апликации, меѓутоа најверојатно ќе мора да го промените својот регион во Франција или Германија за да можете да ја инсталирате. Ист беше случајот и со новата бета верзија од официјалната Facebook Messenger апликација која исто така е достапна во продавницата и може да се симне во овие региони. Апликациите без проблем функционираат и кога ќе го вратите регионот на Македонија.

Симни ја Facebook (Beta) за Windows 10 Mobile

Симни ја Messenger (Beta) за Windows 10 Mobile

Извор: Neowin, Forbes

Претходна статијаOnePlus 3 не ги користи сите 6 GB рам меморија
Следна статијаКако да инсталирате Chrome OS на Вашиот Windows компјутер?
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.