Microsoft ја пушти новата верзија од нивниот Edge прелистувач, овој пат развиена на основа на отворениот Chromium код, на средината од јануари оваа година. Поради кодот на којшто е направен Google Chrome, но и низа други прелистувачи, јасно беше дека Microsoft конечно има прелистувач кој може да им конкурира на останатите и корисниците би имале причина да го користат.

Проблемот со стариот Microsoft Edge беше што повеќето веб страни се развиени да бидат компатибилни со Google Chrome, па веб технологијата на Microsoft едноставно имаше проблеми со доста страни.

Кога на тоа ќе се додаде дека поради малата популарност, програмерите не беа мотивирани да развиваат додатоци, јасно беше дека тој Edge нема да успее да се пробие на пазарот.

Сега кога Edge е развиен на основа на Chromium, овие два главни проблеми веќе ги нема, односно некомпатибилноста со страните не постои, а на корисниците им се достапни сите додатоци од Chrome Web Store продавницата.

Сепак, Microsoft им своја посебна продавница за додатоци во која програмерите можат со минимална промена да ги направат своите додатоци да бидат за Microsoft Edge, иако во основа се истите од Chrome, што е и предност за лесно мотивирање.

Страната за додатоци на Edge, која е достапна преку прелистувачот или преку оваа адреса, постои уште од самото пуштање на Edge, но беше во бета верзија. Бета ознаката уште останува, но по неколку промени на дизајнот, а и доволно зголемување на бројката на додатоци, Microsoft реши официјално да ја презентира како пуштена.

Оваа страна е како што би се очекувало, ги има додатоците според повеќе категории, може да се пребарува конкретно, а достапни се и сите посебни категории на страничната лента. Може да се забележи дека во деталите не се достапни слики од додатоците, а и не може да се побараат други додатоци кои ги има истиот програмер.

ИЗВОРgHacks
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаVIVAX топлински пумпи – Решение за идеална температура во домот во текот на целата година
Следна статијаMicrosoft Office апликациите ќе може да се инсталираат на Chromebook лаптопите
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.