opera-max-logo-white

Opera Max е апликација направена од страна на истите луѓе што стојат позади познатиот интернет прелистувач, достапен на повеќето платформи, Opera. Она по што беше познат прелистувачот е неговата Android верзија која нудеше можност за заштеда на направениот сообраќај, нешто доста корисно за корисниците на ограничен интернет пакет. Негативната страна на ова е тоа што заштедата се прави само за сурфањето направено преку Opera прелистувачот, а сообраќајот на мобилните телефони не се прави само од сурфање, туку од доста други апликации кои главната функција им се извршува преку интернет.

Со Opera Max апликацијата се решава тој проблем. Поточно ова е апликација која што целиот интернет сообраќај направен од мобилниот телефон го пренасочува на нивните сервери и со тоа се добива познатата заштеда на направениот сообраќај. Тоа го прави креирајќи VPN, односно виртуелна приватна мрежа, која што го пренасочува бараниот сообраќајот до серверите на Opera, па истиот потоа е компресиран и така испратен до мобилниот телефон. При проследување на интернет сообраќајот до серверите, од Opera тврдат дека се врши само мерење на поминатиот сообраќај, а со тоа и направената заштеда, но не и содржината на истиот. Дали во денешно време на проблеми со приватноста, кои доаѓаат од сите страни, би сакале да ја користите оваа апликација, останува на вас.

Opera_Max-phone1

Opera Max сепак нема да работи со сите апликации на мобилниот, односно нема да работи со апликациите кои што во својата комуникација користат сигурна конекција, како што е HTTPS на пример. Истата е во бета верзија и работи само на Android 4.0 или погоре. За инсталирање на истата корисниците треба да се пријават во бета програмата, а истата моментално важи само за Америка, па корисниците во Македонија нема да може да ја пробаат, барем не до нејзиното официјално излегување или проширување на достапноста на бета програмата.

Претходна статија13 најдобри додатоци за Firefox во 2013
Следна статијаVivo XPlay 3S – првиот телефон со 2K екран
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.