Opera во април го претстави Opera One, целосно редизајнирана верзија од прелистувачот која требаше да биде пуштена до крајот на годината. Оваа верзија според компанијата сега е подготвена за пуштање, па корисниците можат да ја симнат.

Како главна карактеристика на Opera One се истакнува интеграцијата на вештачката интелигенција, но не како додаток, туку целосно во самиот код од апликацијата. Вештачката интелигенција е наречена Aria и е направена на основа на технологијата од OpenAI, односно GPT. На тоа е додадена и Composer AI технологијата од Opera. Корисниците можат да ја користат вештачката интелигенција преку лентата во прелистувачот, но и нов дел како командна линија до кој се стига со Ctrl+/ во Windows, односно Cmd+/ во Mac.

Opera One прелистувачот се промовира како модуларен прелистувач. Ова значи дека покрај тоа што функциите ќе се додаваат со тек на време, истите ќе бидат достапни на корисниците зависно од тоа што го прават. Поради ваквиот начин на функционирање, Opera One никогаш не треба да изгледа како преполнет со функции, а истите ќе се прилагодуваат на корисникот.

Tab Islands беше уште една новина која можевме да ја видиме при првата презентација на прелистувачот. Отворените табови ќе се групираат во групи, но тоа ќе го прават автоматски и со помош на вештачката интелигенција.

ИЗВОРOpera
Претходна статија18-то издание на Летниот Академски Курс (ЛАК) во организација на БЕСТ Скопје ова лето
Следна статијаPickbox NOW: Што да се гледа ова лето? Имаме препораки кои нема да ве разочараат
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.