Најновата верзија на познатиот Opera прелистувач на десктоп, како и мобилната Mini верзија на Android и iOS донесува вградено блокирање на реклами.
Додатоците за прелистувачите кои блокираат реклами се едни од најпопуларните и најмногу симнуваните во продавниците за додатоци. Корисниците не ги сакаат страните на кои се поставени голем број на банери, а посебно кога тие се наметливи, наместо да стојат на одредени ограничени позиции.
Според Opera, користењето на вграден блокер на реклами донесува одредени предности во споредба со користењето на додатоци. Во ваков случај блокерот е директно интегриран со кодот на прелистувачот, па перформансите треба дополнително да се подобруваат во споредба со додатоците.
Користењето на блокери на реклами го подобрува сурфачкото искуство. Страните со голем број на банери непотребно додаваат на големината на страна и брзината на нејзиното отворање, па нивното блокирање може да направи голема разлика во одредени случаеви.
Се разбира, тука е и предноста на гледање само на содржината, наместо многу наметливи банери.
Од Opera истакнуваат дека сурфањето со вклучен блокер го збрзува отворање на страните за 89%, како и до 45% во споредба со користење на додатоци за блокирање.
Извор: Opera