За разлика од Windows Phone, останатите мобилни платформи Android и iOS можат да се пофалат со многу поголема бројка на апликации во нивните продавници поради нивниот подобар екосистем. App Info+ на корисниците им овозможува да можат без проблем да откриваат нови квалитетни апликации на Windows Phone платформата. Покрај помалата бројка на апликации, продавницата на Windows Store има проблем и со спамерските апликации кои не знаеме зошто сѐ уште не се отстранети од страна на Микрософт. App Info+ може да помогне да се реши и овој проблем.
App Info+ е бесплатна алтернативна продавница која за разлика од официјалната, овозможува откривање на нови апликации во скоро сите можни региони. Ова значи дека може да ги пребарувате сите продавници без разлика на која локација ви е прилагоден телефонот. Како за пример, сите апликации кои се наменети за нашата земја, Америка или Велика Британија ќе ви бидат достапни за преземање.
Околу откривањето на апликациите, App Info+ ќе овозможи да ги преземете сите оние апликации и игри кои веќе пристигнале на официјалната продавница и добиле некаков рејтинг или кратка рецензија, што значи автоматски се избегнуваат и спамерските апликации. Покрај ова, оваа алтернативна продавница ќе понуди и дневни зделки односно можност за преземање на платени апликации кои во текот на еден ден се достапни за преземање бесплатно.
Преземете ја App Info+ директно од Windows Phone Store.