Фото: Microsoft

Microsoft најави нешто поразлична можност која ја донесува кај Outlook апликацијата на основа на генеративната вештачка интелигенција од стандардните функции кои обично се очекуваат. 

Генеративната вештачка интелигенција, односно Copilot, ќе може да се користи за промена на изгледот на Outlook апликацијата преку веќе достапните теми, но сега со помош на Copilot. 

Themes by Copilot е наречена оваа нова можност и на корисниците ќе им овозможи прикажување на слики од повеќе локации во светот, како и промена на изгледот врз основа на временската прогноза. 

Корисниците ќе можат да изберат темата да се менува и прилагодува во текот на денот, неделно или на месец дена. 

Очекувано, оваа нова можност им е достапна на корисниците кои веќе плаќаат за Copilot Pro, како и бизнис корисниците кои ги имаат активирано Copilot функциите. 

Исто така, сите платформи на кои е достапна Outlook апликацијата ќе можат да ги користат Themes by Copilot, односно новината е достапна на Windows, macOS, Android и iOS. 

ИЗВОРPCWorld
ИЗВОР 2Microsoft
Претходна статијаРодители од Карпош утре ќе дискутираат за врсничко насилство на работилница на „Макпетрол“
Следна статијаУтре ќе се одржи најголемото 7. издание на Конференцијата за е-трговија со повеќе од 700 домашни и странски гости
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.