На Google Play Store вчера се појави апликација именувана Pajako. Описот за истата неверојатно прецизно ќе ве убеди во нејзината практичност. Имено, доколку се најдете некаде во градот, брзате на состанок или едноставно имате потреба да го оставите некаде вашиот автомобил, а не сте сигурни дали паркингот се наплаќа, Pajako ќе дознае за вас.

За да не размислувате попусто и да не ги препуштате работите на случајноста, апликацијата ќе ви каже дали на извесно место се наплаќа паркингот или не и дали Пајак службата „оперира“ на извесна локација. Податоците се базираат на искуства на други корисници, што значи дека апликацијата не е поврзана со некој од државните или локалните органи кои се однесуваат на контролата на сообраќајот и сл. Тоа пак значи дека податоците не треба да сеземат со 100% сигурност. Се работи за апликација во „тест“ фаза, па се очекува од што поголем број на корисници да учествуваат во креирањето со поднесување сопствени искуства.

Develop-ерите 3P Development едноставно ја реализираа идејата да се покрене апликација со советодавна функција во случај да не постои видлива ознака за начинот на регулирање на паркинг просторот. Тие строго се оградуваат од идеите за недолично и недозволено паркирање на јавни или пешачки површини.

Накратко, за тоа како се користи Pajako:

Ја вклучувате апликацијата на вашиот мобилен телефон и ја одбирате опцијата „провери“. Pajako ќе ви изнесе информации дали автомобилот на некој друг кориник бил претходно кренат на конкретната локација или дали паркингот се наплаќа. Доколку не постојат информации, веројатно паркингот е дозволен, но сепак одлуката е на ваша одговорност. Доколку пак, имате некакво искуство, позитивно или негативно во врска со одредено место, можете да го споделите со цел да им помогнете на другите корисници.

Апликацијата, моментално е достапна само за корисниците на Android оперативниот систем и можете да ја симнете од Google Play.

Претходна статијаМакпетрол: Зачестена продажба на плински боци од неовластени лица
Следна статијаSpaceX го објави видеото од слетувањето на „рециклираната“ ракета