Со сите свои позитивни страни, сепак Android оперативниот систем со години има еден проблем, а тоа е малата прилагоденост за таблет компјутерите. Тоа посебно важи и за апликациите кои не се баш оптимизирани, па на поголемите екрани го имаат истиот, само раширен, кориснички интерфејс.

Google конечно им текна да ја променат оваа ситуација, па минатата година ја претставија 12L верзијата од Android која е специјално дополнета со функции за таблет компјутерите, односно сите уреди со поголем екран од мобилните.

Дека од компанијата кончено повторно им даваат значење на Android таблет компјутерите видовме и за време на презентацијата на Pixel 7 смартфоните кога беше најавено пуштањето на Pixel Tablet уредот.

Сега Google прикажа и една слика од редизајнираната и прилагодена Play Store апликација за таблет компјутерите. Конечно Play Store нема да биде иста како на мобилните, само проширена на поголем екран.

Покрај новиот кориснички интерфејс, Google ги информира програмерите и за тоа дека од компанијата ќе ги користат сликите од апликациите, видеата и описот директно на главниот екран.

Добро е да се види дека Android ќе почне повторно посериозно да му конкурира на Apple и нивниот iPad.

ИЗВОРAndroid Central
Претходна статијаКање Вест ја купува друштвената мрежа Parler
Следна статијаИндекс на отвореност на општините 2021
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.