Познатиот сервис Plex, покрај можноста за стриминг на видео содржината од компјутерот на корисникот, на други негови уреди, неколку години има и посебна апликација за стриминг на музика.
Исто како и со видео стримингот, Plexamp апликацијата е замислена да им овозможи на корисниците можност да ја слушаат својата колекција од музика на повеќе нивни уреди.
Ова може да се прави и доколку уредите не се на истата мрежа, односно од било која локација, па дури и од автомобилите преку Android Auto и Apple CarPlay.
Апликацијата досега им беше достапна само на корисниците на Plex Pass претплатата, но од компанијата се одлучија да им ја овозможат на сите свои корисници.
Очекувано, корисниците кои плаќаат за Plex Pass ќе имаат нешто повеќе функции, но тоа не ја прави апликација бескорисна за останатите.
Сите корисници добиваат функции како што се Gapless Playback, Loudness leveling, Sweet Fades, Advanced Pre-caching, Smart playlists, visualizers и слично, додека тие што плаќаат добиваат и повеќе можности за откривање на музика, односно правење на листи со музика.

За да можат да ја слушаат својата музика преку Plexamp, корисниците ќе треба да ја додадат на нивниот Plex сервер, исто како што прават и со видеата, па истата ќе им биде достапна од било каде.
Plexamp е достапна на сите платформи и може да се симне од тука.