prod_Cortana_hero

Cortana е персоналниот асистент од Microsoft, конкуренција на двата најпознати асистенти Siri и Google Now. Овој вид на контрола и комуникација на мобилните уреди е доста популарна во земјите каде што тие го разбираат мајчиниот јазик на корисникот. Можеби кога некогаш во иднина барем некој од овие асистенти ќе почне да говори на македонски, ќе ја видиме предноста на користење на едно вакво софтверско решение.

Персоналниот асистент од Microsoft сега за сега покажува дека можеби има поголема популарност од оперативните системи од компанијата на кои што работи. Веќе неколку пати неофицијално излегуваат информации дека Microsoft планира да ја примени стратегијата на достапност на сите платформи и за Cortana, па таа да биде достапна и за корисниците на iOS и Android како посебна апликација.

Во меѓувреме, додека чекаме да видиме дали овие информации се точни, двајца програмери хакери од групата наречена OrangeSec, тврдат дека имаат направено верзија од Cortana која што работи на Android. Оваа верзија ги користи серверите на Microsoft наменети за работата на асистентот и вклучува само некои од способностите наменети за кратко демо.

Со оглед на тоа што програмерите се од Италија, Cortana во овој случај говори само на италијански.

Начинот на кој што овие програмери успеале да направат Cortana да функционира е преку користење на proxy кое што ги лаже серверите на Microsoft дека комуницираат со оригиналната верзија од Cortana, а исто така користени се и посебни SSL сертификати и DNS сервери.

Видеото во продолжение е од презентацијата на двајцата програмери на Droidcon 2015. Тие говорат на италијански, меѓутоа слајдовите од презентацијата се на англиски и е доволно за да се добие претстава што точно имаат направено.

Од Microsoft нема официјално известување дали Portana навистина комуницира со нивните сервери и дали планираат да преземат нешто околу тоа. Со краток одговор на прашање од порталот VentureBeat одговараат само дека најдобриот начин за користење на Cortana е преку нивната верзија на Windows Phone и Windows.

Извор: Geek, VB

Претходна статијаСлучајно објавена можната дата на пуштање на Windows 10
Следна статијаSamsung нема да го користи својот бренд за Galaxy S6 во Јапонија
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.