IMG_20140402_144415

Viber денеска пушти нова верзија од својата апликација за Windows Phone уредите со која го носи бројот 4.1. Апликацијата имаше неколку надградби пред оваа, кои што во главно ја приближија до нејзините верзии на другите платформи, меѓутоа останаа неколку функции кои што се очекуваше дека ќе бидат додадени. Со денешната надградба Viber за Windows Phone е на ниво со другите платформи, а во продолжение можете да прочитате кои се новите функции достапни во новата верзија.

wp_ss_20140402_0001

Viber Out

Ова е сервисот претставен при крајот на минатата година со кој што на корисниците на Viber им се овозможува повикување на телефонски броеви надвор од Viber, односно на корисници кои што не ја користат оваа апликација. Со тоа оваа апликација стана директен конкурент на познатиот Skype. Од денес и корисниците на Windows Phone ќе можат да го користат овој сервис.

Видео пораки

Можност за испраќање на снимени видео содржини кои се ограничени до 10 MB. За да испратите видео порака треба да притиснете на копчето за испраќање на слики, каде што е додаден и дел за видеа.

Испраќање повеќе слики во исто време

Од оваа верзија можно е испраќање на повеќе слики, наместо една како до сега.

Bluetooth поддршка

Поддршка за поврзување на hands-free уред за користење при аудио повиците.

Viber за Windows Phone е достапна во продавницата за апликации и компатибилна е со 8-та верзија од овој оперативен систем, како и по ново со 8.1 верзијата која што треба да биде претставена денес.

viber-v4-1-qr

Претходна статијаMicrosoft и официјално го претстави Kinect 2.0 за Windows
Следна статијаMicrosoft го претстави Windows Phone 8.1
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.