Livestream е познат сервис за гледање и емитување на видео содржина во живо. На многу од вас сигурно ви е и познат, односно имате следено некој од настаните за технологија преку овој сервис. Сега стриминг во живо ќе може да се прави и преку Google Glass очилата, преку новата апликација која што е претставена оваа недела. Корисниците се што треба да направат е да ја поврзат својата сметка со Glass преку QR код и да ја стартуваат апликацијата со кажување на командата “Ok Glass, Livestream”. По стартувањето на апликацијата стримингот во живо се почнува со притискање на Glass уредот, а по неколку секунди тоа што го гледа корисникот ќе стане достапно во живо преку веб страната на Livestream, како и мобилните апликации. Корисникот исто така има можност да ги гледа коментарите во живо кои што ги оставаат гледачите дека ја следат содржината.
Извор: Engadget