Firefox-for-Windows-8

После долго развивање и неколку одложувања, Mozilla конечно ја пушти за јавноста својата „модерна“ верзија од Firefox интернет прелистувачот. Истата беше во бета верзијата од прелистувачот, по што ќе беше пуштена во официјалната верзија во наредната надградба.

Сега после само еден месец на тестирање, пред да има шанса да биде достапна за сите корисници, од Mozilla изјавуваат дека го откажуваат понатамошниот развој на Firefox за Windows 8, односно модерната верзија наменета за корисниците на екрани на допир. Причината за овој потег е многу малата бројка на корисници кои ја користат оваа верзија, па поради тоа тие не гледаат причина да ја пуштат главната верзија која што има големи шанси да биде полна со багови поради малиот број на тестирачи.

Од месеците откако нашиот тим го изгради, тестираше и подобруваше производот, ние ја набљудувавме прифатеноста на Метро. Од тоа што можеме да видиме, таа е прилично ниска. Во било кој ден, на пример, имаме милиони на луѓе кои што ги тестираат нашите бета верзии од Firefox за десктоп, но не видовме повеќе од 1000 активни дневни корисници во Метро околината.

Од Mozilla не ја исклучуваат можноста во иднина некогаш пак да работат на оваа верзија, меѓутоа одлуката е дефинитивна. Ова не оди во прилог на оперативниот систем од Microsoft, Windows 8, кој што од самиот почеток се бори со слабата прифатеност.

Дали некој од вас ја користеше „модерната“ верзија од Firefox и какви се вашите мислења за оваа одлука од Mozilla ?

Извор: Mozilla Blog

Претходна статијаЕвропската Унија ќе донесе закон кој што ќе бара користење на универзален полнач за уредите
Следна статијаНеофицијално видео од HTC Sense 6.0 прикажано на интернет
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.