Samsung издаде апликација за Android паметните телефони наменета да ви ги покаже некои од новите функции кои што доаѓаат со новиот Galaxy S5, како и Gear 2 и Fit паметните часовници. Апликацијата, наречена GALAXY S5 Experience, ви ги презентира функциите преку два начина, односно преку директно искусување или преку демо видео. Искусувањето сепак не подразбира дека ќе ја имате можноста да ги користите тие функции, туку преку интерактивна презентација да ги видите можностите и начинот на нивно користење.
Во апликацијата се прикажани новите камера, брзина, фитнес, живот и уште неколку додатни функции, како Ultra Power Save Mode. Апликацијата е достапна во продавницата за апликации и може да биде инсталирана само на паметните телефони, а не и на таблет компјутерите, иако достапна е за Nexus 7 таблетот. Можете да ја симнете преку следниот линк.