Google ја претстави наредната верзија од Android оперативниот систем, моментално на речена Android L на нивната Google I/O конференција. Оваа верзија треба да биде официјално достапна од оваа есен, а до тогаш за првпат на корисниците им е понудена можност за тестирање преку Developer Preview верзијата. Оваа верзија можат да ја инсталираат корисниците на Nexus 5 и Nexus 7 2013, додека останатите ќе треба да почекаат.
Една од големиот број на подобрувања во новата верзија од оперативниот систем е неговата тастатура. Меѓутоа поради ограничувањето на тоа кои уреди можат да ја инсталираат Preview верзијата, но и сигурно не сите сакаат да ја инсталираат дури и да можат, новите работи, вклучувајќи ја и тастатурата, ќе треба да се чека за да може да се пробаат.
Новата тастатура е направена во новиот дизајн стил кој што Google го нарекува Material Design. Веднаш кога ќе ја вклучите ќе забележите дека истата веќе нема посебни копчиња или било какви линии, туку буквите се поставени на една позадина.
Доколку сакате да ја пробате новата тастатура тоа сега можете да го направите без потреба од инсталирање на Developer Preview верзијата од оперативниот систем. Истата е достапна како посебна апликација во Play продавницата и сите корисници на уред со Android 4.0 и понова може да ја инсталираат. Апликацијата не е официјална од Google, туку истата ја има „извадено“ програмерот Shen Ye.
Апликацијата Android L Keyboard можете да ја симнете преку следниот линк.