Фото: Proton

Сервисите од швајцарската компанија Proton веќе се доста познати, а од компанијата започнаа прво со понуда на приватен имејл сервис кој користи шифрирање на пораките. Корисниците кои испраќаат пораки помеѓу Proton адресите можат да бидат сигурни дека никој не може да ги прочита нивните пораки. 

Приватноста на комуникацијата сепак може да се каже дека не е доволна како фактор за повеќе корисници да го користат овој сервис, па од компанија добро им текна да воведат неколку новини кои ќе ги доближат Proton сервисите до конкурентите. 

Од компанијата најавија дека во периодот што следи, Proton Mail ќе добие новини како можност за категоризација на пораките за нивна подобра организација, можност за прегледување на сите добиени датотеки во посебен дел, како и можност за менаџирање на претплатите, нивно автоматско откажување и слично. 

Уште поважно, од компанијата најавуваат и целосно нови мобилни апликации за Android и iOS кои ќе донесат подобрена стабилност и брзина на работа, можност за функционирање без интернет, како и големо подобрување на можноста за пребарување на пораките. 

Овие промени треба да го направат Proton Mail сервис кој навистина може да ги замени Gmail и Outlook, на пример, па како што кажав, верувам дека за повеќето корисници приватноста не е доволна за да се префрлат на нешто ново. 

Покрај Proton Mail, од компанијата најавија и подобрување на Proton Calendar сервисот, а се најавува и претставување на нова апликација за мобилните, како и подобрување на поддршката за iPad. 

ИЗВОРProton
ИЗВОР 2Android Police
Претходна статијаЗапочна Chefs de Mission семинарот во Скопје како дел од подготовките за ЕМОФ Скопје 2025
Следна статија(Видео) Растот и падот на Teletext
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.