pushbullet-logo

Сигурно сте биле во ситуација да некоја интересна веб страна што ја читате на вашиот компјутер сакате да продолжите да ја читате на вашиот мобилен и таблет или обратно. Ова не е баш толку едноставна работа, па повеќето линкот од страната го испраќаат на сопствениот email или користат некој друг начин да дојдат до линкот на другиот уред. Постои и можноста да ги користите функциите за синхронизирање кои ги имаат двата најпознати прелистувачи Firefox и Chrome, меѓутоа и тоа според нас не е наједноставното решение. Исто така сигурно сте биле во ситуација да сакате да испратите одреден документ од вашиот компјутер на вашиот мобилен или обратно, па повторно истото го правите користејќи email или можеби некој cloud сервис како Dropbox.

Иако ова се функционални решенија и нема ништо лошо во нивното користење, сепак не се најбрзиот и наједноставен начин со кој што можете да ги завршите овие работи. За таа цел ви ја претставуваме Pushbullet апликацијата која што на многу лесен, брз и едноставен начин ви овозможува да ги направите овие активности, како и неколку други.

Pushbullet е достапна на Android уредите, како и додаток за Firefox и Chrome. Функционира на тој начин што се што сакате да споделите, го споделувате преку апликацијата или прелистувачите. На пример, доколку на вашиот мобилен сурфате на некоја веб страна и истата сакате да ја отворите и на вашиот компјутер, се што треба да направите е да ја споделите страната преку Pushbullet. При тој процес се отвора апликацијата и ви дава можност да изберете каде сакате да ја „потурнете“ (push) содржината, па во листата го избирате вашиот Firefox прелистувач на пример и на вашиот компјутер ќе се појави линкот и можете да го отворите. Истото функционира и кога сурфате на вашиот компјутер, па додека сте на страната што сакате да ја споделите, се што треба е да кликнете на иконата и да изберете каде сакате да го пратите линкот.

Покрај можноста да споделувате содржина помеѓу вашите уреди, истата можете да ја споделувате и на други Pushbullet корисници кои што ги додавате како ваши пријатели.

[showcase id=”2919″]

Најнова и интересна можност на апликацијата е можноста да ги споделувате нотификациите од вашиот уред на вашиот компјутер. Тоа значи дека можете да ја видите нотификацијата на вашиот компјутер кога на вашиот мобилен добивате повик или имате добиено нова порака и слично. За да можете да ги видите нотификациите, мора некој од прелистувачите да е вклучен, односно додатоците не работат во позадина.

pushbullet-features-f

Со Pushbullet можете да ги споделувате следните содржини:

  • Белешки (Notes)
  • Google Maps адреси
  • Фајлови
  • Слики
  • Чек листи

 

Претходна статијаЕвтини решенија за паметен дом
Следна статијаCo сензори до самостојност на постарите членови од семејството
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.