gedit1

Gedit е текст едитор достапен на Linux, Windows и OS X, меѓутоа е најмногу користен и популарен на Linux оперативниот систем и неговите дистрибуции. Доаѓа со целосна поддршка за интернационални текстови, прилагодување на означувањето на различните програмски јазици (C, C++, Java, HTML, XML, Python, Perl и други) и многу други функции што го прават повеќе од обичен текст едитор, како што е на пример Notepad на Windows.

После долго време, Gedit доби целосно нов дизајн, направен според стандардите на најновата верзија на GNOME и GTK. Целта на редизајнот, како што истакнуваат неговите програмери, е воведување на модерен дизајн кој што завзима помалку од екранот и ви овозможува да се сконцентрирате на текстот. Ова сепак нема да биде финална работа, па програмерите назначуваат дека ќе ги слушаат коментарите на корисниците, па се спремни да направат нови промени. API-то на оваа верзија е исто така ново, па сите програмери кои што развиваат додатоци за едиторот поврзани со менито, ќе мора истите да ги прилагодат на новото API.

[showcase id=”3583″]

 

Претходна статијаНова можност за означување на Google контактите
Следна статијаSkully AR-1 паметна кацига за мотори
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.