Во март оваа година Google најави дека Chrome конечно ќе добие режим за читање, односно „reading mode“. Ова е нешто што е веќе одамна достапно кај повеќето, ако не и сите други прелистувачи, а Google јасно е зошто го одложува пуштањето, овој режим ги трга рекламите и останува само текстот.

Поради ова и режимот за читање во Chrome нема да биде стандарден каков што е кај другите прелистувачи или каков што е од додатоците. Reading mode во Chrome ќе биде поставен во лентата од прелистувачот на десната страна, заедно со Reading List, Bookmarks и другите, па на левата страна ќе остане оригиналната статија.

Со тоа ќе се „спречи“ тргањето на рекламите, а корисниците сепак ќе добијат прочистен кориснички интерфејс каде се гледа само текстот од страната. Тоа што се наоѓа на десната страна во помал дел од екранот, ќе видиме дали ќе им пречи на корисниците.

Овој нов режим требаше да биде пуштен со сегашната верзија од Chrome, но сепак истата ја гледаме како дел од Chrome 115 beta. Тоа значи дека функцијата ќе стане достапна за некоја недела, со мало задоцнување од најавите.

Покрај оваа новина, мало подобрување добива и Memory Saver функцијата, која ги исклучува од меморијата табовите кои не се користат во моментот, како и автоматска надградба на страните од HTTP на HTTPS.

ИЗВОРAndroid Police
Претходна статија17 големи и мали работи претставени на WWDC 2023
Следна статијаРокот за измена на објавените „твитови“ зголемен на 1 час
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.