Samsung во САД официјално ја претстави нивната нова апликација Samsung News. Истата доаѓа како надградба, односно ребрендирање на Samsung Free апликацијата која доаѓа со сите Galaxy уреди.

Новата апликација за почеток им е пуштена на ограничен број на уреди во САД и се смета дека е во бета верзија. Корисниците кои ја имаат инсталирано Samsung Free ќе можат да ја забележат промената уште од оваа недела, додека тие што сакаат да ја симнат Samsung News, тоа ќе можат да го направат од Galaxy Store.

Samsung News е доста поедноставна апликација која главниот акцент го става на читањето новости, за разлика од претходната која сепак може да се каже дека беше непотребно сложена.

Тоа е и причината зошто повеќето корисници ја користат Google Discover, која исто како Samsung Free и Samsung News е достапна со повлекување на левата страна од главниот екран.

Samsung News ќе прикажува новости од избрани извори, а дел од нив кои сега беа најавени ги вклучува Bloomberg, CNN, Fox News, GQ, Politico, The Daily Beast и повеќе.

Корисниците ќе можат да ја прилагодуваат својата листа со новости, па да ги добиваат темите и изворите кои ги интересираат.

Апликацијата сега има три делови, односно Daly Briefings кои се добиваат два пати дневно, News Feeds, како и Podcasts.

Со тек на време оваа апликација треба да им стане достапна на сите Galaxy уреди, односно на сите корисници.

ИЗВОРAndroid Central
ИЗВОР 2Samsung
Претходна статијаЗамена на старите бар-кодови со новите QR кодови кај производите во маркетите се планира за наредните неколку години
Следна статијаPixel Fold треба да биде сериозна конкуренција на Galaxy Z Fold
Мишо Лекиќ
Својот интерес во областа на паметната технологија го развива одамна како хоби кое што прераснува во нешто повеќе, па резултатот на тоа е и развојот на овој портал. Сака да ги следи сите новини поврзани со оперативните системи, апликациите, мобилните телефони, но и интересните научни и вселенски истражувања.