Samsung ја проширува својата Galaxy Upcycling програма, која има за цел да им најде намена на старите Galaxy уреди, за домашна употреба со Galaxy Upcycling at Home. Со тоа од компанијата сакаат да им овозможат на корисниците да им најдат намена на своите стари телефони кои ги немаат продадено и не ги користат.
Идејата е да Galaxy телефоните бидат претворени во Интернет на нештата уреди, односно IoT уреди кои го претвораат домот во паметен дом. Во овој случај се работи за искористување на сензорите на Galaxy уредите и Samsung планира искористување на два од нив.
Сензорите кои би се користеле се сензорот за светлина и микрофонот за детекција на звуци. Корисниците со тоа ќе можат да ги користат овие уреди како монитор за бебиња, за милениците, а исто така ќе може да се ги вклучуваат паметните сијалици и слично.

За почеток Galaxy Upcycling at Home е во бета фаза која е достапна само во САД, Велика Британија и Кореа, но се најавува дека со тек на време се планира проширување на достапноста.
Инаку, за Galaxy Upcycling можевме да прочитаме на почетокот од овој месец со најавата дека стари Galaxy уреди ќе се користат во медицински цели, а конкретно во овој пример за дијагностицирање на очни проблеми во земјите во развој.
